Новости

Битола инфо

(Фото+видео) Бјонко и Балканбит бенд ги разиграа битолчани

Кларинетистот од Данска кој потекнува од Битола, Бјонко Стошиќ Петерсен, синоќа настапи во Битола со својот бенд „Bjonko & The Balkanbeat Band“ како дел од фестивалот „Локум фест“. Тој направи одлична атмосфера, а присутните видно расположени свртија и оро.

Бјонко Стошиќ е роден и израснат во Копенхаген, а потекнува од семејство на музичари од Битола. Ментор му бил познатиот  битолски виртуоз на кларинет, Чапче Наумовски.

Бјонко настапувал на најголемите дански музички фестивали и е добитник на данската награда за настапи во живо на „DMA World“ во 2015 година. Соработува со бендови и артисти од секаков жанр, од авангардни експерименти до спој на традиционалната балканска музика со модерниот западен рок, поп и хип-хоп.

Повеќе од две децении тој на скандинавската музичка сцена ги носи балканските ритми на кларинет и саксофон. Покрај него, во бендот „Bjonko & The Balkanbeat Band“ се и: Расим Дураковиќ – хармоника, Расмус Ларле Дамсгард – бас, Расмус Волден – гитара и Микел Вилингсхој – тапани.

Дел од поддржувачите на фестивалот „Локум фест“ е и СН Осигурителен брокер Битола, компанија која ги препознаваи поддржува настаните од големо значење за афирмација на Битола.

GOLD
To Top