Новости

Битола инфо

(Фото) Битолските планинари на врвот Пелистер го дочекаа првото изгрејсонце во новата година

Повторно, како и секоја Нова година, традиционално членовите на ПСК Пелистер од Битола во екстремни услови успеаја да се искачат на врвот Пелистер под водство на планинарот Влатко Крбалески. Битолските планинари веќе осма година по ред го дочекуваат првото изгрејсонце на врвот Пелистер.

Покрај Влатко Крбалески, дел од екипата која на почетокот на годината се искачи на Пелистер беа: Иванчо Тошевски, Елена Давитковска, Менде Давитковски и Саше Најдовски.

   

 

GOLD
To Top