Новости

Битола инфо

(Фото) Во Битола одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Лајонс Клуб Кабадаја Битола традиционално организираше Дефиле на Широк Сокак. Двете групи тргнаа од Плоштад Магнолија и Офицерскиот дом, по што се сретнаа пред Хотел Епинал и испратија балони кон небото.

Дефилето на Широк Сокак, е соработка со Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Кочо Рацин – Битола и средните и основни училиште во Битола.

-Целта е да се подигне свеста кај сите останати за нивна социјализација и инеграција во општеството. Се надеваме дека ќе има позитивен фидбек од секоја институција и секоја индивидуа поединечно, рече Андријана Шокларовска, КЛ Кабадаја.

Од Здружението Емануел Плус Битола, каде членови се семејства со деца со церебрална парализа велат дека секој ден треба да мисли на овие лица, не само на 3 декември. Велат дека овие семејства се соочуваат со повеќе проблеми, а најголеми се финансиските.

-Родителот кој е 24 часа со детето, нема работен стаж, детето мора да се гледа бидејќи се работи за најтешка категорија, деца со церебрална парализа, еден родител треба да биде цело време со детето. Никакви бенефиции од државата не добиваме освен додатокот кој беше 4300 денари, сега го покачија на 5000. Но сепак мислам дека не се доволнин за одгледување дете од таа категорија бидејќи родителот не работи, вели Бети Булаковска, претседател на Здружението на деца со церебрална парализа Емануел Плус од Битола.

GOLD
SN Finansii
To Top