Новости

Битола инфо

Фото: Започна 12-то издание на Локум фест во Старата битолска чаршија

Како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, а во организација на здружението на Центарот за културна деконтаминација – Битола, започна 12. издание на битолскиот фестивал на музиката и традицијата, „Локум-фест“ чија тридневна програма се одвива во старата битолска чаршија. Во првата вечер публиката имаше можност да ужива во звуците на бугарската група “Морски перли”, македонско-турскиот ансамбл „Балкананатолија“ и „Чалгии мерак“.

Присутните уживаа и во разните видови локум, а имаше и штандови на вез со битолската архитектура изработени од жените на Организација на жени на Општина Битола, како и презентација на изработки од ЗУР Македонски ракотворби.

Вечерва, главни ѕвезди се добро познатите „Баклава“ и гостите од Словенија групата „Ентузијазам“, а третата вечер, пак, ќе помине во знакот на „Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – „Тапи проџект“.

        

GOLD
To Top