Новости

Битола инфо

(Фото) Искра надеж за социјално-ранливите семејства од Битола – Ротаракт Клубот Широк Сокак донираше 4 тони храна

Првиот дел од акцијата „Играта продолжува со топол оброк“ е успешно реализиран. Целокупната количина на нерасиплива храна која што со помош на граѓаните Ротаракт клубот Широк Сокак успеа да ја собере заврши во вистински раце.

„Акцијата се одвиваше во текот на месец декември 2018 година, додека тимот на Ротаракт Клуб Широк Сокак заедно со граѓанското здружение „Утешител“ одлучи да ја донира овој викенд откако беа завршени сите подготовки. Успеавме да направиме 60 новогодишни пакетчиња и 60 пакети разновидна храна согласно потребите на семејствата и истите ги доставивме до нивните домови. Ви благодариме на сите кои несебично дониравте и со тоа придонесовте заедно да ги стоплиме нивните срца и да внесеме радост во нивните души во овие студени денови. Исто така голема благодарност сакаме да изразиме и до Млекара Здравје, Радово која донираше 1500 литри јогурт, благодарност и до Веро, Тинекс и Ангро маркетите што ни овозможија да пристапиме на терен и да Ви ја презентираме нашата идеја. Без Вас, Вашата доверба и хуманост и без нашата упорност и истрајност проектот немаше да успее. Ние како клуб сме горди што ја разбудивме емпатијата во секој од Вас и покажавме дека заедно можеме повеќе. Пораката е јасна,социјалната правда е основен концепт за мирен и просперитетен соживот за сите нас“, истакнаа од Ротаракт Клуб Широк Сокак.

GOLD
To Top