Новости

Битола инфо

(Фото) Каква е сликата пред и во маркетите во Битола

Гужви пред маркетите и внатре, празни полици за леб, празни фрижидери со месо, се крева тоалетна на големо, ваква е сликата денес во Битола по битолските маркети. Се купува масло, брашно, иако не се најавува од ниту еден маркет или набавувач дека ќе има недостиг на основните прехрамбени продукти.
„За колку време ќе купите луѓе?“ коментираат револтирани битолчани кои ни ги испратија фотографиите.

Вчера пак се огкласија од маркетите КАМ граѓаните да не претеруваат со набавката.

Од маркетите Тинекс пак апелираат до граѓаните да бидат при одредено растојание додека се на каса.

GOLD
To Top