Новости

Битола инфо

(Фото) Младите уметници творат низ битолските улици

Утре завршува 38-то издание на Малиот битолски монмартр. Денеска беше последниот работен ден за младите уметници кои од петокот творат низ битолските улици. Тие исто така го посетија и Охрид од каде се инспирираа за своите уметнички дела. Малиот битолски монмартр утре завршува со доделување на дипломите кои денеска се подготвуваа во галеријата на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија.

Евротип
SNBROKER
To Top