Новости

Битола инфо

(Фото) Потпишан договорот за фузија на Еурофарм Работник и Пелистер

Денеска во просториите на Општина Битола беше потпишан договорот меѓу Еурофарм Работник и Општина Битола со кој се фузираат клубовите Еурофарм Работник и Пелистер и почнува реализацијата на платформата за ракометна Битола.

Директорот на Еурофарм Работник, Зоран Стерјев истакна дека заради административни работи се уште не се знае кога клубот ќе настапува под новото име, а доколку тоа успее да се реализира до утрешниот натпревар ќе биде одлично. Исто така истакна дека имаат листа на истакнати тренери кои би дошле на местотот на Стевче Алушовски, но вели дека треба да се донесе неизбрзана одлука со цел да се избере вистинската личност.

Идејата за платформата потекна од спортски работници и поранешни ракометари кои сметаа дека фузијата е да се направи исчекор не само на македонските туку и надвор од државата. Целокупниот процес се темелеше на транспарентност, истакна Стерјев, а основата е да се врати комплетно сјајот на битолскиот ракомет. Се надева со макотрпна работа дека ќе ги разубедат малкуте скептици дека грешеа, а на тие кои од првиот момент го поддржуваа процесот да им кажат дека заедно со нив беа на вистинскиот колосек.

Градоначалничкатѕа Наташа Петровска истакна дека обврските на општината се во наредните 5 години финансиската обврска ќе биде 15 милиони денари за здружени да бидат успешни не само дома туку и на меѓународно ниво. Во однос на подмирување на обврските на општината се исполнети, но останати се 600.000 денари по основ на камата, но ќе се бара олеснување на каматниот дел и доколку се добие ќе биде одлично, но ако не го добијат ќе се исполнат обврските.

     

GOLD
To Top