Новости

Битола инфо

(Фото) Се подготвува хотел Молика за државниот карантин

Се прават последни подготовки за прием на 90 лица под државен карантин во хотел Молика.

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица кои ќе се вратат од странски држави. Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот ,,Молика”.

Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација.

 

GOLD
To Top