Новости

Битола инфо

(Фото) Убавините на снежниот Пелистер

Денешниот ден голем број битолчани го искористија за да се качат на врвот на Баба планина, Пелистер. Како што ни раскажува битолчанецот Влатко Крбалески, кој заедно со уште шестмина планинари се искачија до врвот, денеска не било многу студено, времето било убаво, но дувал силен ветер кој на места достигнал и над 70 километри на час. Како што вели, на Пелистер денеска сигурно имаше 20-тина љубители на планината.

Уживајте во убавините на Пелистер преку фотографиите на Влатко Крбалески. На една од фотографиите може да се забележи и малото езеро кое е замрзнато.

 

GOLD
To Top