Новости

Битола инфо

(Фото) 30 млади уметници цртаа графити на ѕидот на Тениското игралиште

30 млади уметници од : Северна Македонија, Грција, Португалија, Шпанија, Чешка и Полска во текот на една недела работеа на изработка на графити во Битола. Тие твореа на 48-метарскиот ѕид на Тениското игралиште кој е на Општина Битола. Целта на проектот „Културата на графити“ е овие млади луѓе да ја користат алатката „графити“ за инклузија на млади луѓе.

-Со овој проект нацртаа графити кои прикажуваат делови на културата на државата од која доаѓаат: шпанска, португалска, грчка… Од 30 уметници, 15 се графити артисти и 15 уметници дизајнери кои придонесоа да се направат интерсни слики. Да не ги мешаме овие графити со уличните графити, има уметници кои нацртаа вистински уметнички дела. Графитите да се користат како уметничка перспектива за покажување на нивното знаење и уметнички можности и вештини надвор на отворено, додека граѓаните ќе уживаат во она што е нацртано. На овој начин граѓаните ќе добијат различна перспектива од испишани графиоти од уметничките: тука има скриена порака на уметничкиот графит исто како што е на некоја слика од познат уметник, вели Милчо Дули, СФЕРА Македонија.

GOLD
To Top