Новости

Битола инфо

Францускиот амбасадор на француските гробишта во Битола ќе открие комеморативен споменик

Денека, на 14 септември, точно во 17 часот, 100 години од денот на победничката офанзива, 15 септември 1918 и пробивот на Македонскиот фронт, што на Запад доведе до побрзо потпишување на Примирјето од 11 ноември истата година, амбасадорот на Франција ќе открие комеморативен споменик на Француските воени гробишта во Битола во присуство на градоначалникот на Новаци и на претставници од општините во регионот, како и претставници на Националната асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт и голем број потомци на борци од Македонскиот фронт.

Националната асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт спроведе изработка на реплика на споменикот кој датира од 15 септември 1938 година, а кој денес веќе не постои.Неговата реставрација беше овозможена благодарение на статуата од Мон де Марсан, што ќе биде поставена на Француските воени гробишта во Битола (поранешен Манастир) на 14 септември 2018 г. Овој проект е под знакот на Делегацијата задолжена за Стогодишнината од Првата светска војна. Тој е поддржан од повеќе донатори, јавни и општествени организации и поединци, вклучувајќи ги и членовите на ова здружение, што зборува за тоа колку се живи спомените од тоа време што ја одбележа целата европска историја. Министерството за култура на Македонија ги запиша овие комеморации во својата агенда на Европската година на културата. На тој начин се потсетуваме декаоваа страница од историјата на Македонија претставува дел од европската историја. Градот Битола, во тој контекст, е носител, како и Верден, на францускиот Воен крст, во знак на почит кон страдањата на локалното население.

Висок два метри, споменикот ќе биде поставен на достапна локација со специјална дозвола од француското Министерство за Вооружени сили, на гробиштата во Битола, каде што почиваат паднати за Франција 6.134 идентификувани војници, а се наоѓаат уште и 128 неидентификувани гробови и костурница со остатоците на околу 7.000 војници. Мала копија, исто така, ќе биде поставена на местото каде што некогаш постоел споменикот, над Добро Поле. По тој повод, грутки земја земени од Верден, од ровот кај Шатанкур, ќе бидат донесени на ова место на сеќавањата, при откривањето на споменикот.

GOLD
To Top