Новости

Битола инфо

Француско-германска комеморација во Битола

Амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија во Македонија по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост денеска на Француските воени  гробишта во Битола одржаа комеморација.

На комеморациите во Битола присуствуваа претставници на државните и локални власти, дипломатскиот кор и здруженијата на граѓани..

Во својот говор, германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих истакна дека Франција и Германија го поддржуваат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО бидејќи тоа се оргазниации што се посветени на одржување на мирот.

-Државите и народите кои претходно биле непријатели, и денес потврдуваат дека може да се помират. Оваа порака ја пренесуваме и тука на Западен Балкан, бидејќи сметаме дека тоа е возможно и одржливо во подолг временски период. Германија и Франција се пријателски држави, станаа пријатели по војната и така ќе биде и понатаму. Мислам дека токму денес во време на кризи и локални војни, кога сите сме загрозени од тероризмот, оваа порака е многу значајна. Ние сакаме и го поддржуваме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО бидејќи тоа се организации кои што се посветени на одржување на мирот, и така како што Франција и Германија ќе останат да бидат пријателски една кон друга, тоа го посакуваме и за овој регион, истакна германскиот амбaсадор Томас Норберт Гербих, на комеморацијата што се пдржа на Француските воени гробишта во Битола.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешниот комеморативен собир во Битола порача дека Македонија треба да биде камен темелник за мирот во регионот и на Балканот, и за тоа се потребни како што рече единство меѓу македонците и дух на компромис со соседите.

-Едногласни сме и во Франција и во Германија дека ова пријателство треба да го одржуваме. Таа едногласност ја посакувам и за Македонија и целите кои се приоритет. Францускиот и германскиот народ знаеја каде одат, тие ја направија неопходната жртва кога стана збор за националната гордост и сватија каква беше нивната должност кон континентот. Нашите два претседатели вчера беа на Вогезите, предел што се наоѓа во непосредна близина на градот Епинал и потсетија дека таму се наоѓа камен темелникот на Европа. Ние, денес и во иднина посакуваме Македонија во регионот, на Балканот да биде камен темелник на мирот, а за тоа потребно е единство меѓу македонците и да се има дух на компромис со соседите, посочи амбасадорот Тимоние.

Во одбележувањето на Примирјето од 1918 година и сеќавање во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и раселените лица од сите војни и од сите народи се вклучи и Собранието на Република Македонија. Делегација на Собранието предводена од претседателот на Парламентот Талат Џафери положи цвеќе на Француските воени гробишта во Битола.

По повод одбележувањето на 11 ноември, Данги де Дезер, внук на војник од Источниот Фронт, вечер во Битола ќе направи презентација на своите активности поврзани со објавувањето на писмата на неговиот дедо, полковникот Ордиони, напишани на овој фронт меѓу 1917 и 1925 година.

В понеделник во хотелот „Епинал“ амбасадорот Тимоние ќе го отвори научниот ден посветен на Источниот фронт. Повеќе француски, македонски и експерти од регионот ќе учествуваат на конференцијата „Балканските општества во Првата светска војна–сеќавања и перспективи“.

Евротип
SNBROKER
To Top