Новости

Битола инфо

Хаџи-Антоновски: Како е можно да се негира Светската изложба и Малиот битолски монмартр?

Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2019“ беше распишан во почетокот на септември 2018 година, а траеше до 20 февруари 2019 година. На конкурсот учествуваа 333 училишта, со 15.671 цртеж од 34 земји од Европа и светот.

Меѓународното стручно жири од вкупниот број пристигнати творби на конкурсот за 37-та меѓународна изложба на детски ликовни творби избра 806 творби, а ќе биде отворена на 23 мај оваа година во просториите на Националната детска ликовна галерија.

Но Министерството за култура оваа година не им додели пари за 37.Светска изложба од каде се избираат талентите кои учествуваат на ликовната колонија во мај.

-Дали е можно Малиот битолски монмартр да постигнува рекордни успеси и кога на 5 олимпијади добива најголеми признанија за творбите кои пристигнуваат, дали е можно една ваква изложба да ја негира некој, вели Коста Хаџи-Aнтоновски, раководиртел на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ Битола.

Оваа година, како што вели Хаџи – Антоновски, брендот на Битола и на државата, кој секоја година носи учесници од целиот свет во нашиот град е разочаран од распределбата на средствата од Министерството за култура, од каде наместо побараните 1.815.000 денари за годинешното 38-мо издание на ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“ им доделиле 100.000 денари.

-Кога може една екипа, еден ученик од Хонг Конг да троши 100.000 денари за да дојде во Битола,колку што доделува Министерството, може да заклучите каков е начинот, жирирањето, дали малку ги негираат децата. Не смеат така да се однесуваат кон младите генерации. Но кога ги гледам овие цртежи, ова богатство, дали може да пропадне, дали може некој да ја уништи оваа манифестација. Малечките деца кои доаѓаат овде во студиото од петтата година, велат чичко Коста не се секирај, Малиот битолски монмартр ќе се одржи, вели тој.

GOLD
To Top