Новости

Битола инфо

Христовска од Вмро-Дпмне: Ништо не работат, се занимаваат само со донации и проекти од претходната власт

Денеска на седница во Општина Битола, накусо Др. Лозановска – советничка од Вмро- Дпмне истакна за забавените капитални инвестиции, за останатите ветени инвестиции од власта кои сеуште не се остварени..

-Забавени капитални инвестиции, состојбата во сферата на заштитата на животната средина поразителна. Ништо од гасификацијата, намалените трошоци на граѓаните, современиот јавен превоз, го нема најавуваниот нов систем за организирано управување со отпад. Од ветените 28 улици за 2019, едвај во две години направена е една улица. Ветувани беа и велосипедски патеки, современ градски пазар, нови зелени површини, нов сточен пазар, нова зграда за Противпожарна заштита, Офицерски, Копанки… Од тоа ништо. – истакна Др. Олга Лозановска – советничка од Вмро – Дпмне, Совет на Општина Битола.

Имено и Викторија Христовска – советничка од Вмро – Дпмне, го истакна својот став на денешната седница..

-На седницата кога го разгледувавме првиот квартал од извршувањето на буџетот за 2019 год. колегите од власта соочени со фактот за неговата катастрофална реализација и согледувањето за неработењето на градоначалничката Петровска, невешто сакаа да го прикријат поставувајќи се во незавидна позиција да бранат нешто што и пред себе не можат да си го одбранат.
Па така наместо да зборуваат за квартал кој изминал, нешто што веќе се случило, тие ни зборуваа за идни планови за идни проекти и што се ќе има во некое си идно време, а кога не знаат ни тие самите. Се добиваше впечаток дека дискутираме за нов буџет, па така се редеа проекти како базен, градинка, гасификација, стадионот, офицерски, улици итн.
Го разгледуваме вториот квартал од буџетот и искрено да ви кажам не гледам некоја суштинска разлика од првиот квартал и ми се наметнува прашањето дали во Битола има локална власт која може нешто самостојно да сработи или планира и во наредните 2 години да се потпира само на донации кои патем си ги присвојувате за ваши успешно завршени проекти и проекти оставени од минатата локална власт. Или пак имаме градоначалник кој е само презентер на градот по светот без никаков бенефит за Битола од сето тоа.
Одговорот на ова можам и сама да го дадам со конкретни бројки за вашето неработење и нетрудење ништо да подобрите во функционирањето, напротив и овај пат бројките не се на ваша страна и секој пат се полоши и попоразителни. Реалната реализација на приходите во општинската каса е со 25 % и е најлош реализиран приход за втор квартал ,овде не го земам предвид префрлувањето на едни исти средствата од една во друга ставка за вештачки да се прикаже повисока реализација на приходите. Капиталните приходи од продажба на градежно земјиште се со реализација од 13 % или од очекуваните 54 мил денари се реализирале само 7 милиони денари. Приходи реализирани од бесправно изградени објекти по основ легализација реализирани 7 % за втор квартал. Или од очекуваните 23 мил.денари реализирани се
само милион и шестотини илјади денари. Во делот на капитални разходи каде што спаѓаат изградба и реконстукција на улици и патишта за втор квартал е со катастрофална реализација од само 6,8 % или во
суми,од очекуваните 373 мил. Денари остварени се само 25 мил. Денари. Тука сакам да напоменам дека и третиот квартал не ќе е ништо подобар со оглед на НЕработењето на терен кое е на очиглед на сите во екот на градежната сезона која можам слободно да констатирам дека втора година по ред откако ја презедовте власта е промашена во целост.
Не знам што мислевте кога кажувавте ЌЕ ИМА СТАДИОН ВО Битола, а уште повеќе ми е нејасно како и кога ќе го исполните со оваа динамика на работа врз северната трибина. Во вториот квартал има реализација од само 6%.или сте планирале 100 мил а сте искористиле само 6 мил денари.
По програми сакам да направам споредба со реализацијата од 2018 год. Буџет кој цело време не убедувавте дека е набрзина скроен и ви беше изговор за лошата реализација за сега кога ќе го споредиме вториот квартал со истиот период лани да има уште полоша реализација и тоа кај
– Програмата Локален Економски развој во 2018 – реализирана со незавидни 22
%,за во 2019 да биде со поразителни 10% (Г1)
– Програма за изградба и реконструкција на локални патишта во 2018 реализирана
со 23 % а во 2019 со само 7 % во втор квартал (ЈД)
– Изградба на фекална и атмосферска канализација 2018- 27% во 2019 8%
реализација
– Програма за заштита на животната средина и природа е реализирана со 16%
И повторно како и во првиот квартал имате нула процент на реализација односно
ништо не е сработено во одредени програми.
– Енергетска ефикасност – никакви вложувања

– Гацификација како и до сега 0 % и
– Програма за еднакви можности 0 % реализација
– Туризам 0%
На крај сакам да заклучам дека овие поразителни бројки на реализација ни доаѓаат после направен ребаланс на буџет што значи промашувањето во очекувано и остварено со првично донесениот буџет ќе беше уште поголемо. – изјави Викторија Христовска, советничка од Вмро – Дпмне, Совет на Општина Битола.

GOLD
To Top