Новости

Битола инфо

„Хјундаи“ излетало од коловозот и се преврлетло кај Логоварди

На 09.11.2018 година околу 15,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Битола – с.Новаци пред с.Логоварди патничко моторно возило „Хјундаи“ со битолски регистерски таблици управувано од М.К. (49) од Битола излетало од коловозот и се превртело, информираат од МВР.

Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top