Новости

Битола инфо

Центар за култура Битола одбележува 38 години постоење

Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски

Од 08 до 14 октомври НУ Центар за култура Битола ќе одбележи 38 години успешна работа на НУ Центар за култура Битола и 5 годишната успешна работа на 3Д Кино Битола.

„На 09.10.2018 г. со почеток во 19:00 ч. ќе биде отворена изложбата на „Ателје Солак“. Ателјето Солак е отворено во 2015 г. кога и започнува со прием на посетители и членови кои сакаат да се запознаат со работата во ателјето и да стекнат основни или продлабочени знаења од областа на ликовната уметност. Активностите во ателјето се изведуваат од страна на Димитар Солаковски дипломиран сликар, ликовен педагог и реставратор.
Ова е прва изложба на членовите на ателјето со своите творби и претставува мал приказ на дејноста на ателјето. Во соработка со РЕК Битола во изработка се 10 нови паноа за изложби, со кои Центарот за култура ќе може во иднина да организира и по две изложби паралелно. 10.10.2018 г. со почеток во 20:00 ч. со голем есенски концерт на „Ансамблот Танец“ ќе биде одбележана 38 годишнината од отворањето на НУ Центар за култура Битола на 10 октомври 1980 г.“, истакна директорката на Центар за култура Битола, Маја Андоновска Илијевски.

11.10.2018 г. обележување на 5 годишнината на 3Д Кино Битола, кое официјално започна со работа на 24 октомври 2013 г.
По тој повод цените на билетите на тој ден ќе бидат намалени на 100 денари, а ќе се прикажат три филмови во 18:00 ч. детски филм, комедија во 20:00 ч. и научна фантастика во 22:00 ч.

Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски

На 04.10.2018 г. во употреба ги пуштивме новите 3Д наочари „Долби“ кои се направено од високо квалитетни материјали, што ќе има значително влијание на подобрувањето на квалитетот на 3Д проекциите во нашето кино.

Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски

НУ Центар за култура Битола е дел од мрежата на Еuropa Cinemas. И во иднина НУ Центар за култура Битола ќе ги продолжи и интензивира заложбите за промоција на европската филмска уметност.

Месец октомври го посветуваме на европскиот филм со многубројни квалитетни наслови и промотивна цена од 100 денари за влезниците за овие филмови.

Во периодот од 13 до 17 октомври ќе биде реализирана Ревија на европски филмови во мала сала, со слободен влез.
На годинашната ревија ќе бидат прикажани филмови од Италија, Швајцарија, Германија, Холандија и други земји. Овој проект се реализира во соработка со Асоцијација на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија АФПМ, и е поддржан во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на Р.М.

Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски

Во однос на популарните филмски наслови и понатаму продолжуваат светските премиери на блокбастери. Покрај споменатиот филм „Веном“ овој месец ќе ги погледнеме и филмовите „Ѕвездата е родена“ со Лејди Гага во главната улога, Ноќ на вештерките, Оверлорд и Парк на ужасот.

11.10.2018 г. во мала сала во 19:30 ч. ќе биде одржана перформанс промоција на книгата „Лидија, или се што знам за жените“ на Тихомир Јанчовски . Промотор на книгата ќе биде Иван Додовски. За книгата ќе зборуваат Моника Силјановска, Добрила Грашеска, Лидија Јанчовска и Маја Адоновска. Музиката е компонирана од Тони Мичевиќ. Цртеж на корица – Владимир Лукаш, технички уредник –Дарко Петровски, дизајнер – Филип Херин. Издавач е Тихомир Јанчовски, а дистрибуцијата е на Матица Македонска.

12.10.2018 г. во мала сала во 18:30 ч. ќе биде одржана промоција на книгата „Мало фолио за театар“од авторот проф. д-р Иван Додовски. Промотори на книгата ќе бидат Владимир Милчин и Иван Јерчиќ.

GOLD
To Top