Новости

Битола инфо

Четири лица повредени во сообраќајка кај Битола

На 03.07.2019 година во 08.15 часот на патот Битола-Прилеп, во близина на с.Вашареица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.К.(75) од с.Кривогаштани и патничко возило „Шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(73) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј и сопатниците од истото возило, Ј.Б.(47), Г.Ј.(69) и 17-годишник, сите од Битола. Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

GOLD
To Top