Новости

Битола инфо

Четири сообраќајни незгоди викендов во Битола

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола, изминатиот викенд ,извршиле контрола за брзина,зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата , товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици на 1155 возачи и возила.

При контролата, кај 16 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. При контролата откриено е дека 13 возила се технички неисправни и истите се испратени на технички преглед,24 возачи управувале без возачка дозвола а кај 84 други возачи откриено е дека управувале возила со поголема максимална брзина од дозволената.За неправилно паркирање издадени се 25 мандатни налози, а писмено опоменати се 20 возачи .
На 42 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 25 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 56видови останати прекршоци.

Издадени се вкупно 152 мандатни платни налози и 63 платни налози.
На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот случени се четири сообраќајни незгоди од која две лица се здобиле со телесни повреди.

GOLD
To Top