Новости

Битола инфо

Штитеник од Старскиот дом „Сју Рајдер“ е заболен од коронавирус

Еден од позитивните два случаи кои се потврдени во саботата на 04.04.2020 година е лице кое е сместено во Домот за стари лица “Сју Рајдер”- Битола. Се работи за пациент на 85 годишна возраст кој е сместен на Инфективно одделение во Клиничка болница Битола. Пациентот е примен на одделението на 02.04.2020 година со симптоми на покачена телесна температура и кашлица. Покрај наведената симптоматологија пациентот има и други коморбидитети. Земен е брис за докажување на COVID-19-лабораториска потврда за позитивен резултат е добиен на 04.04.2020 година.
Веднаш од страна на епидемиолошката служба преземени се сите пропишани активности и мерки. Во домашна изолација и под здравствен надзор се ставени 9 лица, вработени во институцијата “Сју Рајдер”- Битола, земени се брисеви од лежечките болни кои биле во непосредна близина со потврдениот случај и дел од вработените кои се грижеле за него.
Направена е целосна дезинфекција на Домот за стари лица “Сју Рајдер”- Битола од страна на ДДД – службата при ЦЈЗ Битола.
Обработката на контактите од страна на епидемиолошката служба продолжува, информираат од Центарот за јавно здравје Битола.

Директорката на Старскиот дом, Јулијана Котевска вели дека во домот има вкупно 154 штитеници, а 34 лица персонал од кои осуммина се во изолација заради претходен контакт со штитеникот. 85-годишниот пациент бил неподвижен, а исто и останатите двајца штитеници кои биле во истата соба кои се ставени во изолација. И од нив се земени брисеви.

Таа потенцира дека уште пред два месеца е забранета е посета, а вработените носат заштитна опрема. Апелира до семејствата на штитениците да не се паничат бидејќи магацините на домот се снабдени со храна, лекови и други средства за најмалку два месеца.

 

GOLD
To Top