Новости

Битола инфо

Александар Димовски – носител на листата кандидати за советници од СДСМ и коалицијата

Александар Димовски, роден 1973 година во Битола. Основно и средно образование завршил во Битола. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализирал радиологија на Радиолошки институт Скопје и се стекнал со звање специјалист по радиодијагностика.

Во 2019 година се стекнал и со звање магистер на економски науки и започнал субспецијализација по неурорадиологија.
Од 2014 година работи во Kлиничка болница Битола. Од 2016 година е началник на Службата за радиологија, а од 2017 година е директор на дијагностичките гранки при Клиничката болница – Битола. Од 2012 година е спортски доктор во ФК Пелистер и РК Пелистер.

Член е на Македонското лекарско друштво, на Лекарската комора на Македонија, Здружението на радиолози на Македонија, а од 2014 година е редовен член на Европско здружение за радиологија.

Евротип
SNBROKER
To Top