Новости

Битола инфо

Ангелевска: ВМРО-ДПМНЕ за наредниот четиригодишен период се обврзува на континуирано зголемување на платите до 25%

Изјава на Силвана Ангелевска, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ за наредниот четиригодишен период се обврзува на КОНТИНУИРАНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ДО 25% ЗА ЕДЕН МАНДАТ.
За подобрување на животниот стандард на просветните, здравствените, културните и социјалните работници, на вработените во судството, полицијата и војската и на сите вработени во државната администрација и јавниот сектор платите ќе се зголемат и тоа:
• Минимум 5% со исплата на јануарска плата во 2021 година,
• Минимум 5% со исплата на јануарска плата во 2022 година.
Исто така, во рамките на предвидениот пораст на платите предвидено е и усогласување на одредени разлики кои постојат во слични звања во различни институции. За периодот по 2022 година, врз основа на темелна анализа на макроекономските параметри, одговорно ќе донесеме одлука за понатамошниот раст на платите, но сепак растот нема да биде понизок од 5%.
Почитувани, проектот: РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ СПОРЕД ФОРМУЛАТА 50% РАСТ НА ПЛАТИ И 50% РАСТ НА ТРОШОЦИ ВО ЖИВОТ. ДОКОЛКУ БУЏЕТОТ ДОЗВОЛУВА, ПЕНЗИИТЕ ЌЕ РАСТАТ ДОПОЛНИТЕЛНО, ПРИ ШТО ЗА ЕДЕН МАНДАТ ПРОСЕЧНАТА ПЕНЗИЈА ЌЕ ДОСТИГНЕ РАСТ ОД 20%.
Владата на СДСМ удри по најранливата категорија – пензионерите. Со методологијата која ја воведе Министерството за финансии, пензиите се усогласуваат само со пораст на трошоците за живот. Со тоа, пензионерите забележаа намалување на своите пензии за 300 до 700 денари месечно. Лицемерно е што токму сега, предизборно, се врши поткуп на пензионерите со линеарно зголемување на пензиите за 700 денари. Всушност, им скратија повеќе од 1.000 денари за да им дадат предизбор- но 700 денари.
Владата на ВМРО се обврзува да го врати претходниот начин на усогласување на пензиите со што пензиите ќе се усогласуваат и со порастот на просечната плата. Со тоа ќе го вратиме достоинството на пензионерите без да ја загрозиме финансиската состојба на Фондот за пензиското и инвалидско осигурување.
Заедно, за економски развој, заедно за повисоки плати и пензии, заедно за обнова на 15 јули!“, истакна Ангелевска.

GOLD
To Top