Новости

Битола инфо

Ангелевска: Децентрализација, демократско зајакнување и инфраструктурно- инвестициски силни општини

Кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Силвана Ангелевска денеска зборуваше за проектите за развој на општините.

„Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се стреми да обезбедиме висок степен децентрализација и зајакнување на демократското управување, како и благосостојба на граѓаните, преку балансирана распределба на средствата меѓу планските региони и општините – гарантирајќи локален прогрес, рамномерен регионален развој, зајакнување на економијата и макроекономската стабилност на Македонија.
За таа цел, предвидуваме реализација на следните стратешки цели:
• Ефикасни и финансиски стабилни општини преку јакнење на децентрализираниот систем;
• Унапредување и јакнење на фискалниот капацитет на локалните самоуправи;
• Активни политики за рамномерен регионален развој;
• Модерни и дигитални општини;
• Општините во Македонија да прераснат во инвестициско-туристички магнет;
• Инфраструктурно јакнење на општините за европски квалитет на живот;
• Навремена и инклузивна социјална заштита во општините;
• Еко општини;
• Иновативни концепти за инвестирање во младите;
• Спортот и спортскиот туризам – врвен приоритет на владата на Македонија како врвен приоритет на општините;
• Домаќински, транспарентни и ефикасни општини: администрацијата и градоначалникот – слуги на народот.
Една од мерките што ќе ја преземиме е ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА. Во следниот четиригодишен период ќе се фокусираме на јакнење на децентрализираниот систем, подобрување на условите за спроведување на веќе пренесените надлежности и осигурување на непречен трансфер на остатокот од зацртаните цели и ресурси во согласност со Законот за локалната самоуправа кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, здравство, спорт и други области.
ВМРО ДПМНЕ го подготви и проектот : ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ФОРМИ ЗА ОПШТИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – ИНВЕСТИЦИСКО-ТУРИСТИЧКИ МАГНЕТ. Предвидуваме градење на капацитети на општините за креирање и имплементирање на локални политики и развиен локален економски развој, со цел привлекување на инвестиции и туризам, што пак е од огромно значење за Битола.
Не помалку важен е и проектот: УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА И МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА НА ОПШТИНИТЕ. Секое Одделение за ЛЕР во општината ќе прерасне во Сектор за евроинтеграции и локален економски развој, во кој ќе се вмрежат општините од државата и регионот и ќе се создаде проектен фонд со специјализирани кадри подготвени за самостојно и заедничко аплицирање пред достапните европски и други фондови.
Формираме и ОПШТИНСКИ ИНОВАЦИСКИ ФОНД за компании, кој ќе помага и ќе поддржува развој на иновативни проекти, кои се во насока на зајакнување на локалната економија, со акцент на иновативни технологии и иновативни старт ап компании. Проектот РЕГИОНАЛНИ ЗАНАЕТЧИСКИ ЦЕНТРИ убедени сме дека значајно ќе помогне во развојот на општините. Регионалните занаетчиски центри ќе бидат модерни генератори на знаења кои ќе имаат развојни компоненти во секој регион, а преку професионалните квалификации кои ќе ги нудат, ќе овозможат врвна квалификација на дефицитарни занаети, кои недостасуваат на пазарот на труд.
Проектот: РАЗВИВАЊЕ НА РЕГИОНАЛЕН НАУЧНО-ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР пак е важен од повеќе аспекти. Заради поттикнување на конкурентен пазар на труд, предвидуваме регионалниот научно-образовен центар да биде независна институција, посветена на развојот на научната култура, писменост и образование. Активностите ќе бидат насочени кон обуки (курсеви, семинари) за учениците, студентите и наставниците за нови техники, методи и содржини во областа на науката и технологијата. Образовниот центар ќе биде отворен за млади од државата и регионот.
Почитувани на 15 јули, заедно за обнова на Македонија, за обнова на Битола“, истакна Ангелевска.

GOLD
To Top