Новости

Битола инфо

Ангелевска: Ефикасни јавни финансии капитални инфраструктурни и енергетски – ефикасни проекти

Кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ за ИЕ 5, Силвана Ангелевска за обезбедување на ефикасни јавни финансии:

„Примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи. Главниот фокус e ставен на реализација на капитални инвестиции насочени кон оние инфраструктурни и енергетски проекти што ќе бидат во функција на бизнис-секторот и капитални проекти кои ќе бидат насочени кон подобрување на општите услови за живот на македонските граѓани. Се обврзуваме на ВРАЌАЊЕ НА РАМНИОТ ДАНОК СО СТАПКА ОД 8% ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА.
Во наредниот четиригодишен период во областа на даноците и царините ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на ниски и едноставни даноци и други давачки за фирмите, бидејќи повеќе средства за компаниите значат и повеќе средства за унапредување на работењето и воведувањето нови технологии и практики, нови инвестиции и работни места, а со тоа и економски раст на земјата. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со создавање предвидливи и еднакви услови за фирмите.
За наредниот четиригодишен период предвидуваме и ПРОЕКТ: ВРАЌАЊЕ НА РАМНИОТ ДАНОК СО СТАПКА ОД 8% ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
Рамниот данок ќе изнесува 9%, а од 2022 година ќе изнесува 8%.
Имајќи ја во предвид здравствено-економската криза предизвикана од Корона вирусот, можно е мало одложување на оваа мерка за не повеќе од 1 година.
Се оврзуваме и на НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВИЦАТА ЗА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА НА ПРИДОНЕСИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ. Во согласност со тековното законско решение, за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување највисока основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од 16 просечни месечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примања од работен однос, а износот од 12 просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.
Земајќи ја предвид солидарноста на која се темели нашето општество од една страна, како и ограниченоста на пензиите со максимална пензија, ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да постои одредено намалување на бројот на бруто-плати на кои се уплаќаат придонеси.
Проектот: ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ОД ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД исто така е еден од најва/ните каде младите се во фокусот. Македонија, но и земјите во регионот се соочуваат со проблемот на иселување на граѓаните, при што во најголем дел се иселуваат младите. Една од мерките со кои ќе ги задржиме младите во Македонија, всушност, е и оваа мерка, според која младите луѓе до 29 години ќе бидат ослободени од данок на личен доход за нето-приходите на годишно ниво до 6.000 евра во денарска противвредност, за првото вработување.
Обновата започнува на 15 јули, заедно да ја обновиме Македонија, да ја обновиме Битола!“, рече Ангелевска.

GOLD
To Top