Новости

Битола инфо

„Антициганизам и дигитални медиуми“ – проект на „Сумнал“ во Битола

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, во рамките на програмата Еразмус +, во клучната акција 1, од 13 до 18 септември 2021 година го реализира проектот „Антициганизам и дигитални медиуми”.

Проектот се реализира со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Македонија, кофинансиран од Европската комисија.

Целта на проектот е е да ги запознае младите луѓе со терминот „антициганизам“, што значи тој, последиците од истиот и начините на превенција, со акцент на дигиталните медиуми како најшироко познат дистрибутер на вести и информации кои што ги користат младите.

Специфични цели на проектот беа:
– запознавање со терминот „антициганизам“, начините за превенција и борба против него;
– препознавање на лажни вести на дигиталните медиуми со акцент на социјалните мрежи како начин за борење со „антициганизамот“, а со тоа и зголемување на дигиталните вештини кај младинските работници и младите;
– промоција на инклузијата на луѓето со помалку можности, со акцент на ромите и другите малцинства, мигрантите и бегалците;
– зајакнување и развивање на вештините на младинските работници со цел да се овозможат да ги едуцираат младите како успешно да се борат против дискриминцијата, стереотипите и говорот на омраза.

Проектот се реализира  со учесници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Турција, Бугарија и Романија.

Евротип
Евротип
To Top