Новости

Битола инфо

Асфалтирање на улица „Солунска“

Започна асфалтирањето на првата делница од улицата „Солунска“. На оваа улица, завршена е и промената на канализационата линија со изведени приклучоци во должина од 240 метри.

Проектот за реконструкција на ул. „Солунска“, опфаќа реконструктивни зафати на водоводната мрежа, мешовитата канализациона мрежа и нов коловоз, за што во оваа фаза издвоени се 20.632.300 денари, средства од буџетот на Општина Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top