Новости

Битола инфо

Битола место каде уметноста живее – Се одржа изложбата ,,Цртеж и графика 2021″

Друштвото на ликовни уметници на Битола како здружение има одиграно важна улога за развивање и афирмација на ликовната уметност во Битола во своето 47 годишно постоење.

После Годишната традиционална изложба, следуваше отворањето на изложбата Цртеж и графика 2021. Се претставија 20 автори со 40 уметнички дела. Отворањето беше на 13 Октомври. Прекрасна атмосфера и посетеност од уметниците и љубителите на ликовната уметност. На оваа изложба уметниците го промовираа нивното најново творештво. Делата можат да се видат од 13-22 Oктомври во КЦ Магаза Битола.

,,Техниката цртеж и графика е секогаш интересна за љубителите на ликовната уметност. Очекуваме да има организирани посети од учениците од основно и средно образование.”

Учесници на изложбата беа: Панде Петровски, Александар Поповски, Димитар Димитров, Елена Ѓоѓиевска, Валентина Илијевска, Анастасија Петрова, Сандра Котевска, Тони Чатле, Новица Трајковски, Николче Српчански, Владимир Симоновски,Нела Петровска, Тони Попов, Роберт Михајловски, Петар Кирановски, Илија Маџаров, Златко Крстевски, Димитар Балојани, , Дејан Макријоски, Александар Поповски.

,,Би сакале да се заблагодариме  за добиената поддршка од Министерството за култура, Градоначалникот на Општина Битола и СН Осигурителен Брокер АД Битола.” – велат од друштвото на ликовни уметници и покануваат да уживате и вие во едно незборавно искуство.

Евротип
SNBROKER
To Top