Новости

Битола инфо

Битола и Ресен во фаза 2 – со спорадични случаи

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

❖ Скопје, Штип, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

❖ Македонски Брод, Демир Хисар, Кичево, Виница и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).

❖ Останатиот дел од Македонија (меѓу кои Битола и Ресен) е во фаза 2 (спорадични случаи).

На територијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола, денес (04.08.2020) се регистрирани два нови случаи во Кичево, и едно оздравено лице исто така со место на живеење во Кичево. Нема новорегистрирани заболени во Битола, Ресен и Демир Хисар.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола

GOLD
To Top