Новости

Битола инфо

Битолската полиција лиши од слобода три лица кај кои пронајде марихуана и прашкаста материја

На 16.01.2022 на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 29-годишно лице од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава во врска со член 215 од Кривичниот законик.

На 16.01.2022 во 19.15 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода 27-годишно лице од с.Беранци, битолско, бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 16.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода 22-годишно лице од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Евротип
SNBROKER
To Top