Новости

Битола инфо

Битолските атлетичари со 4 медали на државното првенство за младинци во Скопје

Викендов, над 150 натпреварувачи зедоа учество на Националното првенство за младинци во атлетика кое се одржа на националната арена „Тодор Проески“. Членовите на Атлетскиот клуб Олимп од Битола со одлични резултати:

-Изабела Насковска 1 место 1.500м 5.37

-Христијан Котевски 2 место 400м 52.60

-Наталија Чона 2 место 100м 13.44 3 место 200м 27.75

-Зад нас е еден одличен викенд во Скопје, во кој нашите Наталија, Изабела и Христијан се враќаат со вкупно 4 медали и пласмани на врвот на Државно првенство во атлетика за младинци. Она што воодушевува е што овие резултати се резултат на нецела година тренинзи, што само најавува блескава иднина за овие атлетичари, а и за нашиот клуб, истакна Демир Даутовски тренер на Олимп.

Ова дава мотив да се работи посветено со овој спорт по кој Битола децении наназад беше позната, а сега да се стреми кон промовирање на нови генерации на се подобри атлетичари.

Евротип
SNBROKER
To Top