Новости

Битола инфо

Битолските гинеколози кои дозволија царски рез од лекар без лиценца казнети со намалување на плата за 30%

По скандалот со извршен царски рез во битолската болница, од страна на лекар без лиценца, спроведена е дисциплинска постапка против оние кои тоа го дозволиле. Овој настан излезе на виделина кога двајцата гинеколози од Клиничката болница во Битола ги пречекорија своите овластувања и дозволија сопруга на едниот од нив да изврши операција царски рез, иако за тоа не поседува лиценца.

По спроведената дисциплинска постапка, изречена им е мерка со која во следните шест месеци, овие доктори ќе земаат 30% пониска плата. Ова е највисоката казна што можеа да ја добијат според Законот за здравствена заштита. Со ова заврши дисциплинската постапка и двајцата лекари, кои беа суспендирани, денеска се вратија на работните места.

Истовремено поднесени се и кривични пријави против двајцата гинеколози, по повеќе основи, меѓу кои и злоупотреба на службена должност и фалсификување службена исправа, додека против лекарката која ја извршила операцијата и не поседува лиценца, пријава за надрилекарство пренесува Скопјеинфо.

GOLD
To Top