Новости

Битола инфо

Битолчанецот Драган Мицков откако го победи Ковид 19, со хуман гест помогна сите пациенти да добијат кислород во Ковид центарот во Битола

Откако и самиот бил хоспитализиран во битолското Инфективно одделение и успеал на крајот да извојува победа над Ковид 19, битолчанецот Драган Мицков размислувал како да им помогне на пациентите кои се хоспитализирани, сите да ја добијат потребната кислородна поддршка. Додека беше таму, тој видел дека кислородната поддршка претставува голем проблем за персоналот и за пациентите. Откако неговиот чичко бил хоспитализиран таму, тој размислил како да помогне. Еве го неговот сведоштво.

„Имало и такви денови кога можеме да се пофалиме, а и да ја покажеме нашата солидарност и да побарам поддршка од сите вас лекари, медицински сестри, а и обични граѓани кои имате роднини или пријатели кои се медицински лица во другите градови низ Македонија. Еве за што се работи.
Знаеме дека најголем проблем за медицинските лица и за пациентите по болниците низ цела Македонија е снабдувањето на пациентите со кислородна поддршка.
Кога бев хоспитализиран на инфективно, деноноќно гледав како сестрите растрчани бараа места за пациенти на кои им треба кислород, а беше голем проблем да се најди слободен приклучок. Да објаснам.
Во секоја соба се инсталирани по два кислородни приклучоци, а се сместени по три или четири пациенти.
Замислете да имаат потреба тројца пациенти од кислород, а веке двата се зафатени.
Тој проблем со мојот чичко го решивме и сега цела инфективна болница имаат во секоја соба по четири маски за дишење. Како???
Откако ме отпуштија, по два дена го хоспитализираа мојот чичко со лош наод на бронхопневмонија и сатурација 84 и требаше веднаш да прима кислород. Го ставија во соба со двајца пациенти кои веќе користеа кислород. За него немаше, но рекоа дека ќе го преместат за скоро. Јас испаничен го завртев цел град за да најдам боца со кислород, но не најдов. Кога бев на болница забележав дека сите кои користат кислород, не го користат цел капацитет од регулаторот, туку 90% од пациентите користеа 7 или 8 кислородни единици, а регулаторите беа до 16. Така дојдов до идеја од еден регулатор со Т спојка која може да се набави во секој дуќан за автоделови да направам да дишат два пациенти. Купив антибактериско црево, маска и спојка и му ги однесов на болница кај мојот чичко. Тој направи бајпас на уредот и го приспособи да можат двата со цимерот да го користат.
По два дена откако видовме дека успешно работи, ја исконтактирав директорката Билјана Гагачева која по полчас убедување ми дозволи да им комплетирам еден уред кој потоа го тестираа и успешно помина. Потоа ми се јави и ме замоли да направиме за цела болница. Чичко ми, иако хоспитализиран, цел ден правеше адаптери и ја обезбедивме цела болница. По четири дена, синоќа, добив порака од директорката дека сите успешно работат и дека пациентите се обезбедени со кислород. Еве како тоа изгледа. Старите велат лекот е петпари само треба да се најди. ВЕ МОЛАМ СИТЕ КОИ ИМАТЕ ПРИЈАТЕЛИ И РОДНИНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА НИЗ ДРУГИТЕ ГРАДОВИ, СПОДЕЛЕТЕ ЗА ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ И ТИЕ“, напиша на фејсбук Мицков.

GOLD
To Top