Новости

Битола инфо

Битолчанец се заканувал на социјални мрежи, па го фатиле со нож на улица

Кривична пријава против В.Р.(39) од Битола, поднесе СВР Битола поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

На 07.09.2022 околу 18.00 часот, пријавениот на свој профил на социјална мрежа, објавил видео запис со заканувачка содржина кон Н.Ѓ.(57) од Битола и кон други лица, а околу 16.00 часот било пријавено дека во Битола, на ул. „Васко Карангелески”, пријавениот носел нож и претставувал опасност за граѓаните, по што бил приведен од полициски службеници.

Евротип
SNBROKER
To Top