Новости

Битола инфо

Битолчани попладнево почуствуваа уште два земјотреса

Во 16:14 часот е регистриран посилен земјотрес во реонот на Лерин со магнитуда од 4.5 степени, во соседна Грција кој беше почувствуван и во Битола.

Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 11.01.2022 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје во соседна Република Грција во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин.

Земјотресот се случи во 16 часот и 14 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML4,5. Според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почуствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.Во 16:30 регистриран е уште еден потрес со јачина од 3 степени според Рихтер.

Евротип
Евротип
To Top