Новости

Битола инфо

Битолчанки го сонуваат големото финале

Од денес до недела во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одржи завршницата од годинашното издание на Купот на РМ во кошарка во сениорска конкуренција за мажи и жени. Во машка конкуренција ќе учествуваат 8, а додека во женска 4 екипи.

Во полуфиналето во женска конкуренција утре (Сабота) со почеток во 15.30 ч. женската екипа на „Пелистер АД“ од Битола ќе се обиде да направи сензација, да ја совлада екипата на „Вардар“ од Скопје. Скопјанки се засилени со две интернационалки од САД и задачата на нашите девојки да обезбедат влез во големото финале ќе биде многу тешка.

– Голема чест е да се игра на ваков турнир, да се бориме за трофеј. Во овие натпревари учествуваат најдобрите екипи во Македонија. Жрепката не беше на наша страна. Добивме противник со кој што се надигрувавме во есенскиот дел од првенството, загубивме во самата завршница. Во меѓувреме, „Вардар“ се засили со две искусни американки, едната висока дури 198 см. Навистина ќе биде многу тешко, девојките  максимално ги мотивирам, работевме варијанти како да им парираме на повисоките противнички играчи. Ќе се обидеме со шут од далечина да изненадиме. Задоволен ќе бидам да го прикажеме максимумот-ни изјави на последниот тренинг тренерот Горјан Стојановски.

Во второто полуфинале се среќаваат шампионот „Бадел 1862“ од Скопје и „МНА Кожувчанка“ од Кавадарци.

GOLD
To Top