Новости

Битола инфо

Битолчанки поразени од освојувачот на „ЛИМАК“ КУПОТ

Горен Ред (од лево на десно): Владимир Прчков (службен претставник), Тамара Гилева, Теодора Кузмановска, Ана Котевска-капитен, Андреа Ристевска, Сара Спировска, Елена Размовска, Александра Караицовска, Горјан Стојановски (тренер). Долен ред (од лево на десно): Анастасија Дракуловска, Христина Николовска, Рахела Марковска, Ивана Тасева, Симона Илиева, Димитра Николова.

Изминатиот викенд во Кавадарци се одржа завршницата од годинашното издание на „Лимак“ Купот на Македонија во кошарка-сениорска конкуренција. Во вториот полуфинален натпревар во женска конкуренција битолскиот претставник „Пелистер АД“ загуби од освојувачот на Купот, екипата Вардар со резултат 67:46. Девојките на Горјан Стојановски одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 6:0. Високиот ритам на игра и реализација го одржуваа до 16 минута од натпреварот кога до израз дојде поголемиот избор на играчи од клупата кој што го имаа „вардарки“. На овој натпревар „Пелистер АД“ настапи со млади играчи од кои дури четири на возраст од 12-13 години кои без респект се однесуваа на теренот. До крајот на натпреварот поискусните играчи на „Вардар“ рутинирано го одржуваа водството и сосема заслужено влегоа во големото финале.

-Апсолутно немам никакви забелешки за играта на моите играчи. Се бореа за секоа топка на теренот, шутот не ни тргна во одредени делови од натпреварот. Тоа знаеа да го казнат искусните „вардарки“. Недостигаше и ротација од клупата бидејќи имав ограничен број на искусни играчи. Да напоменам дека настапија и неколку девојки кои сè уште се натпреваруваат во кадетска и пионерска лига, на возраст од 12-13 години. Сега ни престои вториот дел од првенството во Првата македонска лига каде ќе се обидеме да го задржиме високиот пласман на табелата, моментално сме на делба на 3-4 место-ни изјави по враќањето тренерот на екипата Горјан Стојановски.

-Тежок натпревар за нашата млада екипа. Немавме доволно сили да го издржиме високото темпо со кое го започнавме натпреварот и на моменти бевме и подобри од посилниот противник-изјави капитенот Ана Котевска.

Во машка конкуренција титулата ја освои екипата на „Карпош Соколи“ од Скопје, а во женска конкуренција екипата на „Вардар“, исто така од Скопје.

GOLD
To Top