Новости

Битола инфо

Бојковски: Младите во Македонија се на маргините на општествениот развој

Бојан Бојкоски, кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија во ИЕ5 за  проблемите на младите.

„Во моментов младите во Македонија се на маргините на општествениот развој. Затоа, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, свесна за потребата од нови решителни правци за надминување на проблемите на младите, нуди визија за создавање на општествени услови новите генерации на млади луѓе да ја градат својата иднина во сопствената земја. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ предвидува реализација на следните мерки:
. Обезбедување на услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за период од 4 години;
– Современо образование кое ги подготвува младите за потребите на пазарот на труд и подобрен студентски и ученички стандард;
– Младите активно учествуваат во донесувањето одлуки; и
– Култура и спорт по мерка на младите
Во програмата Обнова се обврзуваме на СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ
Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност на младите во Македонија е 35,6%, која е највисока во Европа и двојно повеќе од просекот на Европската Унија. Во ситуација на глобален пазар на труд, младите одбираат да работат и живеат во некоја од поразвиените земји во Европа, САД, Канада, Австралија и други. Тоа доведува до „стареење на нацијата“ и одлив на квалитетни млади луѓе. Според бизнис-секторот, постои силна неусогласеност на понудата на образовни квалификации и побарувачката од страна на пазарот на труд, како и недоволната ангажираност на образовните институции во кариерното насочување на младите. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ се залага за системски и структурни мерки со кои се покажува посветеност на општеството кон младиот човек.
Младите се во центарот на фокусот преку проектот ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ МЛАДИ ЛИЦА:
• Ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра, во денарска противвредност.
• Шанса плус – компаниите кои ќе вработат ученици кои по завршувањето на средно стручно образование нема да продолжат со студиите, ќе добијат олеснувања и ослободувања за одреден период.
• Месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години кои се невработени подолго од 24 месеци, а се од семејства во социјален ризик.
• Загарантирана работа на 500 најдобри студенти од државните универзитети.
Проектот МИЛИОН ЕВРА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКА ИНИЦИЈАТИВА НА МЛАДИ, исто така, во центарот ги има младите и нивната благосостојба. Владата на ВМРО-ДПМНЕ го воспостави проектот за финансиска поддршка на невработени млади преку неповратни грантови и грантови со кредитирање, заради отворање на сопствен бизнис и финансиска поддршка за иновативни проекти. Со цел поддршка на претприемачката иницијатива, се обврзуваме во текот на мандатот за оваа цел да одвоиме најмалку 4 милиони евра.
Следниот проект на кој се обврзуваме е ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИТЕ. Во рамките на новоформираните Младински центри, а со цел поттикнување на претприемништво и подобрување на професионалните вештини, ќе се организираат обуки за дигитални вештини (scrum и agile, проектен менаџмент и SAFe методологија, обуки за blockchain технологии и други), кариерно советување, обуки за доквалификација и преквалификација во соработка со стопанските комори, обуки за аплицирање на грантови од владини и невладини институции, грижа за менталното здравје и личниот развој, техники на вмрежување (networking). Имајќи предвид дека прибирањето економски средства за реализација на првични бизнис планови е сериозен предизвик за младите претприемачи, предвидуваме и обуки за младите сами да можат да прибираат средства за финансирање на нивните бизнис планови и проекти (crowd-funding и fund-raising)“, истакна Бојковски.

GOLD
To Top