Новости

Битола инфо

Брендот „Малина Плус“ на компанијата „Голем Извор“ од Битола со својот квалитет ги освојува европските пазари

Со традиција долга повеќе од 30 години, „Голем Извор“ е компанија во семејна сопственост, која гарантира квалитет и безбедност.

Приказната на компанијата ја почнува Цане Момирчевски, а во последните десетина години, компанијата е предводена од Јовица Момирчевски.

Следејќи ги трендовите и потребите на пазарот и „Голем извор“ стана една од водечките компании за складирање на ладна и смрзната храна во Македонија. Постојано вработува 15 луѓе, а во време на сезоната бројот на работници се зголемува до 70.  Денес, во своето портфолио, компанијата поседува маркети, најсовремен ладилик и плантажа за производство на малини.

Ладилникот има капацитет од 10.000 м³  и се состои од 8 комори и 2 преткомори. Во коморите може да се сместат 2.700 палети што го сместува ладилникот во рангот на најголемите ладилни складишни простори во нашата земја. Во коморите се складираат секакви смрзнати производи (анимални и растителни), како и секаков вид на зеленчук и овошје во свежа состојба. Исто така во ладилникот е инсталиран тунел за длабоко замрзнување. Капацитетот делумно се искористува за складирање на сопственото производство, но се користи и за закуп на простор од други компании.

Малина плус е инвестицијата почната во 2019 година. Станува збор за плантажно одгледување на малини во околината на Битола на површина од 10,5 хектари со што „Голем Извор“ уште еднаш докажа дека ги следи потребите на пазарот. Значењето на овој заокружен процес – технолошка линија за машинско берење и брзо замрзнување на малина, го препозна и поддржа Фондот за иновации и технолошки развој. Краен резултат на целата оваа инвестиција е малина во свежа и замрзната состојба.

Идејата за производство и одгледување на малина произлезе од честите патувања во странство и согледувањето на потенцијалните можности и придобивки при постојаните контакти со тамошните производители и конзументи.

Станува збор за нова Италијанска сорта на малина која ни беше посочена од неколку успешни производители ширум Европа, која се истакнува по својата големина, правилна форма, инттензивната боја  и поголема издржливост во свежа состојба, со што се продолжува и периодот на траење.

Оваа сорта на малина е двородна и со својата карактеристична големина се издвојува од останатите сорти на малини застапени на нашите простори.

Пред да се одлучиме за производство на овој тип на малина неопходно беше да се изврши испитување на почвата како неопходен и основен услов за започнување на производство на малина а паралелно со тоа испитување на пазарот во Европските земји со цел согледување на потребите од таков вид на производ.

Брендот Малина плус е во фаза на заштита на Светско ниво како производ на компанијата „Голем Извор“ Битола.

Досегашното производство се пласира на европските пазари, а дел од малината во замрзната состојба има и во нашите маркети. Во соработка со наши долгогодишни деловни соработници малината се користи за преработка и производство на џемови, мармалади, сокови и во кондиторската индустија.

Во иднина предвидено е зголемување на производството на малина како и проширување на пазарот за пласирање на истата и тоа не само во замрзната туку и во свежа состојба.

Проектот претставува дополнување на веќе постоечката инфраструктура на „Голем Извор“ и има за цел да го развие технолошкиот процес во примарното производство и во складирањето, со примена на меѓународен стандард IFS.

Може да ги контактирате на нивната Фејсбук страна ГОЛЕМ ИЗВОР или golemizvor@yahoo.com.

Комерцијална објава

 

 

 

GOLD
To Top