Новости

Битола инфо

Брзопотезен шаховски турнир на ШК „Стево Патако“ од Битола, победи Марјан Христовски

Во организација на шаховскиот клуб „Стево Патако“ од Битола, а со поддршка на кафулето „Везилка“ од Битола, вчера се одржа брзопотезен турнир во шах за младинци . На овој прв ваков турнир по попуштање на ковид мерките учествуваа 22 млади шахисти. После седум интересни кола најдобар беше Марјан Христовски од Битола, пред второпласираниот Зоран Јовановски и третопласираниот Ивица Сековски, а со резултатите од сите седум кола беше прогласен за победник на турнирот.

-По повеќе од година дена ги „отворивме“ шаховските табли и започнавме со натпреварувачката програма. За жал поради ковид мерките и забраната за групирање во затврорен простор, шаховскиот клуб „Стево Патако“ беше затворен и сега започнуваме со натпревари и тренинзи на отворена, а прв ваков настан го организиравме со кафулето “Везилка“ покрај Драгорот, вели претседателот на ШК “Стево Патако“ од Битола, Сашко Павловски, кој додаде:

-Секако хит на турнирот беа двете женски такмичарки, Ана Марија Нечова и Наде Смилевска. Тие ги освоија симпатиите на гледачите и добија и заслужени награди.Со организацијата на овој брзопотезен шаховски турнир ШК “Стево Патако“ продолжува со организација на вакви турнири за најмладите категории со цел приближување на шахот до што поголем број на млади битолчани.

GOLD
To Top