Новости

Битола инфо

Бројот на жртви на територијата на СВР Битола во првото тромесечие е помал за разлика од лани

Статистички минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години на подрачјето на цела држава,а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Битола продолжува со засилени активностите со цел подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Благодарение на ваквите активности, се подига нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот, вели Сања Стаматовса, портпарол на СВР Битола.

Како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува,па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка.
Податоците за првото тримесечие во 2022 година во Секторот за внатрешни работи Битола покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година на подрачјето има 3 жртви споредено со истиот период лани, кога имало 7 жртви во сообраќајни незгоди..
На подрачјето на СВР Битола во март 2022 година има една жртва, а во март 2021 година имало пет жртви.
Покрај превентивните акции, продолжуваме и со засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата. Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 11 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин.
Исто така во текот на вцерашниот ден санкциониорани се и вкупно 37 возачи кои ја пречекориме максималната дозволена брзина на подрачјето на СВР Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top