Новости

Битола инфо

(Видео) Кампањата на ВМРО ДПМНЕ беше за моја деградација, но не може да ја постигнат кај граѓаните

„Жалам што политичките опоненти потрошија толку време и енергија на мене, наместо на граѓаните. Но, и тоа говори кој колку е подготвен да ја води локалната самоуправа во Битола“, рече Христо Кондовски во емисијата „Директно“ на ТВ Тера за негативната кампања која беше насочена кон него во изминатите 20 дена.

Тој вели дека целта е лично негова деградација, која смета дека не може да ја постигнат ниту кај луѓето кои го познаваат лично, ниту кај битолчани.

„Не слушнавме никакви проекти, навистина ми е жал. Јас сум учен во конкуренција да функционирам, многу време посветив на програмата, затоа што мислев дека ќе се конкурираме во делот на програмата. Но видов дека за жал немаат програма“, рече Кондовски во „Директно“.

 

Евротип
SNBROKER
To Top