Новости

Битола инфо

(Видео) Свечена химна за Светите Кирил и Методиј по повод патрониот празник на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола

Денеска, едно од најстарите училишта во Битола, ОУ “Св. Кирил и Методиј“, го прославува својот патрон празник.
Оваа година во вонредни услови беше снимен спот кој ќе биде сведок за едно време кое го поминуваат учениците, наставниците и претставува нова реалност. Нови вонредни услови и затворено училиште заради пандемијата од коронавирус.

Во овие посебни услови со запазување на мерките дел ученици од училишниот хор ја испеаја свечената химна во чест на сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј, а со тоа им оддадоа почит и на достоинствен начин го одбележаа својот патронен празник.

GOLD
To Top