Новости

Битола инфо

Вкупно 48 случаи на Ковид 19 во Битола, 17 се активни

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 29.06.2020 година земени се вкупно 1055 брисеви за COVID-19 од кои 505 по епидемиолошки индикации, 220 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 182 лица, од кои 48 се со место на живеење во Битола, 30 во Кичево, 2 во Демир Хисар и 102 во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 139 лица болеста е во тек (17 од Битола, 25 од Кичево, 96 од Ресен и 1 од Д.Хисар), 37 лица се оздравени и кај 6 лица болеста имаше смртен исход.

Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек (139 лица), 37 лица се хоспитализирани.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола

GOLD
To Top