Новости

Битола инфо

Во Битола до 11 часот гласале 13,09 проценти, гласањето се одвива нормално

Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 11 часот гласале 13,09 проценти од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список во кој се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.

Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола, потврди Игор Талевски, претседател на ОИК-Битола.

Претседателот на ОИК Битола, Игор Талевски изјави дека гласањето се одвива во ред, сите избирачки места се отворени навреме, единствено што имало технички проблеми со уредите за фингерпринт, но техничката поддршка ангажирана од ДИК проблемите се наминати. Исто така имаше и неколку замени на уреди, откако се заменија продолжи гласањето на тие места.

На Локалните избори во Битола евидентирани се шест кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

Евротип
Евротип
To Top