Новости

Битола инфо

Во Битола една листа за независен градоначалник и три листи за советници

Заклучно со 28 август 2021 година, до 21:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собраа 18 кандидати за градоначалници, продолжуваат да собираат уште 15. 38 листи собраа потписи за советници, а продолжуваат да собираат уште 26. Пред ДИК во Битола една листа за градоначалник и три за советници.

Во Битола заклучно со 28 август до 21 часот за едната поднесена листа за градоначалник собрание се веќе потписите, а таа е на Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола. И тој на својот фејсбук профил објави дека веќе ги собрал потребните потписи.

Што се однесува до листите за советници, во Битола ги има три и заклучно со 28 август до 21 часот, во листите кои беа собрани потписите е и таа на Група избирачи Габриела Илиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Битола, а останаа уште два за кои и по 28 август продолжи собирањето потписи. Едната е на Група избирачи Ремзи Медик, листа на кандидати за совет на општина Битола. Медик во меѓувреме соопшти дека и тој за неговата листа ги собрал потписите, а другата е на група избирачи Ристенка Алтипармаковска, листа на кандидати за членови на совет на општина Битола, и таа ги добра потребните 350 потписи.

За општина Могила потребните 100 потписи ги собраа Борче Бучински и Златко Шурбевски.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК вечерва ќе работат до 24 часот. Собирањето на потписи трае заклучно со 30 август 2021 година.

Евротип
SNBROKER
To Top