Новости

Битола инфо

Во Битола на првиот ден вакцинирани беа 397 лица

Денеска и во Битола почна масовната имунизација во спортската сала на медицинското училиште. За денеска беа пријавени 910 лица од регионот, а според информациите од Здравствениот дом на вакцинирање дошле и се вакцинирале 397 лица.

Како што велат од Здравствениот дом, пријавените биле лица главно над 80 години, како од Битола така и од околните градови и дека ваков бил одзивот пред се заради возраста и во другите вакцинални пунктови низ земјата.

Од утре има симнување на возрасната граница и очекувањата се дека поголем број лица ќе бидат вакцинирани.

Во Битола се врши вакцинација и на лица од Прилеп, Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар.

Извор: ТВ Тера

GOLD
To Top