Новости

Битола инфо

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Симболично со порака за меѓусебно почитување и разбирање денес во Битола беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите.

„Она што е најбитно за нас како граѓани на оваа држава е да ни живее единствената татковина, Република Македонија. Република Македонија можеби за некој е кратка, мала, но за нас граѓаните од ромска националност е многу слатка, затоа што има место за сите нас. За оние кои не го прават тоа, да продолжат да си ја сакаат татковината. Мора да ги раскинеме синџирите на незнаењето, на омразата, сите да се почитуваме, да си помагаме, да се разбираме затоа што така само може да и помогнеме на Република Македонија. Не смееме ние луѓето, сообено ние Ромите да се делиме, по боја, вера, националност, не смееме да се делиме на која владина или невладина припаѓаме, рече Џевдет Џелоски, Ромска ѕвезда Битола.

GOLD
To Top