Новости

Битола инфо

Во Битола отворени сите 169 гласачки места, гласањето се одвива по сите протоколи

Во Битола точно во 7 часот се отворени сите избирачки места и почна изборниот процес за вонредните парламентарни избори 2020.

Правото на глас во Битола и Битолско на парламентарните избори денес имаат можност да го искористат 81.488 граѓани кои гравитираат на територијата на општина Битола, а ќе гласаат на 169 избирачки места, а избирачите од едно избирачко место поради тоа што има помалку од девет гласачи ќе гласаат во друго избирачко место.

Во Битола на гласање до 9 часот излегле 10.04 проценти. Електоратот во Битола е 79.606 гласачи. Од нив до 9 часот на гласање излегле 7993 гласачи.

Гласањето се одвива мирно и поминува во најдобар ред, а при гласањето се запазени сите протоколи, носење на заштитна маска, дезинфенција, дистанца…

GOLD
To Top