Новости

Битола инфо

Во Битола промоција на публикацијата: „Жените од македонското минато во печатот помеѓу двете светски војни“

На 22 октомври, со почеток во 18 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) ќе одржи промоција на публикацијата „Архиви на невидливите: Жените од македонското минато во печатот помеѓу двете светски војни“.

Ова дело, е резултат од истоименото истражување кое го разгледуваше начинот на претставување на жените во наративите за македонското минато и понуди анализа на жените во националните наративи. Книгата нуди и препораки за унапредување на состојбите за овие теми во образовните и научните процеси.

За време на настанот, публикацијата ќе ја промовираат две од авторките и воедно уреднички на публикацијата: Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска. Стручна соработничка во овој проект е Нада Бошковска Лајмгрубер – редовна професорка на Катедрата за источноевропска историја на Универзитетот во Цирих. Публикацијата содржи вкупно седум текстови на авторите Здравко
Стојкоски (историски контекст), Ивана Хаџиевска (аспекти од историјата на жените во истражуваниот печат), Мања Величковска и Фросина Крушкаровска (книжевни аспекти), Марина Мијаковска (составувачка на библиографијата), Јана Коцевска (составувачка на регистар на женски имиња) и Билјана Котевска (Прирачник со препораки за крос-институционални политики).

Со ова истражување ги збогатуваме наративите за биографските портрети на жени значајни за Битола и битолско, како хуманитарката Захарија Шумљанска, просветната работничка Билјана Трифуновска Каранова и тандемот комитки од Лера – Среба Апостоловска и Донка Ушлиновска.

Истражувањето „Архиви на невидливите: Жените од македонското минато во печатот помеѓу двете светски војни“, спроведено од Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел, Министерството за Култура и Град Скопје.

Евротип
Евротип
To Top