Новости

Битола инфо

Во Битола се одбележаа 20 години од загинувањето на бранителите во Вејце

Денеска се навршуваат 20 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.

Повеќе делегации денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и споменикот Ангел кај градскиот часовник.

-Болката и по 20 години е иста, некои велат се заборава, но ние директните учесници во конфликтот во 2001 годинаова никогаш нема да избледнее од нашите срца, ќе остане до крајот на нашиот живот. Им порачуваме на младите да се борат за ова парче земја, изјави Сашо Гилевски, бранител во конфликтот во 2001 година и претседател на Здружението „Достоинство“.

Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица “Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година кај тетовското село Вејце.

Евротип
Евротип
To Top